Борел на одделни средби со Курти и Вучиќ
Според соопштението на косовската Влада, Курти ги нагласил елементите на рамката на договорот за целосна нормализација на односите со взаемно признавање и го опишал француско-германскиот предлог како добра основа за понатамошни разговори.
Во обид да ги смири тензиите помеѓу Белград и Приштина, шефот на европската дипломатија Борел на одделни средби со косовскиот премиер Албин Курти и со српскиот претседател Александар Вучиќ во Париз.
Според соопштението на косовската Влада, Курти ги нагласил елементите на рамката на договорот за целосна нормализација на односите со взаемно признавање и го опишал француско-германскиот предлог како добра основа за понатамошни разговори.
Тензиите на релација Косово - Србија се засилија на почетокот на месецов поради одлуката за регистрарските таблички. Во знак на револт, Србите ги напуштија сите косовски институции со барање да се почитуваат обврските од Бриселскиот договор, со кој е предвидено да се формира и Заедница на српските општини.
