Париски мировен форум

Средба на претседателот Пендаровски со унгарската претседателка Каталин Новак

11.11.2022 17:38

На средбата беше истакнато дека Северна Македонија и Унгарија одржуваат одлични билатерални релации со развиена соработка во повеќе области од заеднички интерес.

Претседателот Стево Пендаровски, на маргините на Парискиот мировен форум, оствари средба со претседателката на Унгарија, Каталин Новак.

На средбата беше истакнато дека Северна Македонија и Унгарија одржуваат одлични билатерални релации со развиена соработка во повеќе области од заеднички интерес.

Претседателот Пендаровски истакна дека ја цениме унгарската поддршка за македонските евроинтеграции и изрази очекување дека истата ќе добие дополнителен интензитет низ пристапниот процес на Северна Македонија во Европската Унија.

На средбата се разговараше и за променетата геополитичка состојба во Европа, во контекст на руската инвазија врз Украина и претседателите споделија мислења и ставови.