Регион

Белград и Приштина со непроменети ставови

11.11.2022 19:39

Брисел застана во улога на посредник во напорите за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина нарушен поради тензиите кои беа реактивирани по одлуката на косовските власти за промена на српските регистарски таблички.

Србија и Косово со непроменети ставови по одделните средби во Париз со шефот на европската дипломатија Борел. Брисел застана во улога на посредник во напорите за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина нарушен поради тензиите кои беа реактивирани по одлуката на косовските власти за промена на српските регистарски таблички.

Косовскиот премиер Албин Курти со поддршка за договорот за целосна нормализација на односите со заемно признавање и француско-германскиот предлог. Српскиот претседател Александар Вучиќ засега не гледа компромисно решение.

Откако Србите масовно ги напуштија косовските институции, претседателката Османи, веќе закажа консултации со политичките партии за одредување на датум за вонредни избори за градоначалници во четирите општини на северот на Косово.

„Приштина одбива да се однесува рационални и во согласност со меѓународното право. Курти се обидува со еднострани потези суштински и де факто да ги протера Србите од ницните огништа“, изјави Вучиќ.