Абази се откажува од членувањето во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители
Јавниот обвинител Ислам Абази ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор...

Јавниот обвинител Ислам Абази ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор, информираат од Обвинителството.
„Како што истакнав и во моето првично обраќање до јавноста, мојата сопруга во моментов е слушател на Академијата за судии и јавни обвинители. Со оглед на тоа што таа е пред завршување на Академијата, не сакам да падне било каков сомнеж во објективноста при спроведувањето на завршниот испит и оценувањето. Затоа се откажувам од членувањето во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и барам Советот да ја измени одлуката“ – истакнува Абази во барањето што ќе го достави до Советот на јавните обвинители.
Абази се заблагодарува на довербата што Советот на јавните обвинители му ја укажа- соопштува Обвинителството.
