Македонија

МВР: 180 санкционирани возачи во Скопје

12.11.2022 10:05

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за возач почетник, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), една санкција за некористење сигурносен појас, соопштуваат од МВР...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 14 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за управување под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за возач почетник, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), една санкција за некористење сигурносен појас, соопштуваат од МВР.