Денес гласа дијаспората, затворениците, внатрешно раселените...
Утре ќе се гласа на двојни избори. За претседател и нов парламентарен состав. Во трка се двајца кандидати за шеф на државата и 1.402 – ца за 123 пратенички мандати...

Денеска молк, утре ќе се гласа на двојни избори. За претседател и нов парламентарен состав. Во трка се двајца кандидати за шеф на државата и 1.402 – ца за 123 пратенички мандати.
На предвремените парламентарни избори по осми пат ќе се бираат претставниците во Собранието. Право на глас имаат 1.789.128 граѓани. На вториот круг за избор на претседател право на глас имаат 1.779.572 избирачи. Ќе победи оној што ќе има освоено повеќе гласови. Ден пред изборите гласа дијаспората, затворениците и приведените, болните, внатрешно раслените.
Затворениците во казнено поправната установа Идризово денеска гласаа за претседател и новиот парламнетарен состав. МТВ на терен.
Гласањето почнало навреме и тече без проблеми потврдуваат и од избирачкиот одбор.
„Минатиот пат одзивот беше околу 51 процент од вкупно од вкупно 740 гласачи. Денеска очекуваме одзивот да биде поголем бидејќи имеме и парламнтарни избори“, вели Сања Митиевска, претседател на Изборниот одбор 2536.
Се гласаше и во ученичкиот дом Здравко Цветковски. Од комисијата задоволни од одзивот на внатрешно раселните.
„Голем број кои што дојдоа моравме да ги правитиме поради нивните лични исправи. Затоа што тие не се регистрирани во нашите списоци доставни од ДИК“, извјави Љубчо Коскаров, заменик претсдетал на изборниот одбор.
Пратениците се избираат според пропорционален модел во државава, а во дијаспората важи мнозинскиот модел. Распределбата на мандатите се врши според Д`Онтов модел. Не е важно колку гласови ке добие партијата, туку по колку ке има во секоја од шесте изборни единици. Првичниите резултати Државната иборна комисија ке ги соопшти во недела до полноќ, а конечните во рок од 24 часа по изборниот процес.
Наташа Јанчиќ
