Руско-украински конфликт

Се слави во Херсон додека руските трупи се повлекуваат

12.11.2022 10:36

Херсон беше под руска окупација од март и е првиот голем украински град окупиран од Русија. Жителите на централниот градски плоштад ја свиреа украинската химна.

Продолжува славјето во Херсон додека руските трупи се повлекуваат од градот. Херсон беше под руска окупација од март и е првиот голем украински град окупиран од Русија.

Жителите на централниот градски плоштад ја свиреа украинската химна. Претседателот Зеленски враќањето на украинските војници во Херсон го нарече историски ден.

„Украинци! Украинки! Силни луѓе на нашата нескротлива, убава, обединета земја. Ова е историски ден. Го враќаме југот на нашата земја, го враќаме Херсон. Луѓето од Херсон чекаа и никогаш не се откажаа од Украина. Надежта за Украина е секогаш оправдана, а Украина секогаш си го враќа своето“, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Најмалку седум мостови, од кои четири минуваат преку реката Дњепар, биле уништени во последните 24 часа. Не е јасно кој ги уништил мостовите, но сето тоа се случило откако руските сили се повлекле од западниот брег на Дњепар.