ОН: Вонредна седница на барање на Германија и Исланд
Советот за човекови права на ОН кон крајот на овој месец треба да одржи специјална седница за Иран, на барање на Германија и Исланд. Двете земји бараат тема на седницата да биде влошувањето на човековите права во Иран, особено во однос на жените и децата...

Советот за човекови права на ОН кон крајот на овој месец треба да одржи специјална седница за Иран, на барање на Германија и Исланд. Двете земји бараат тема на седницата да биде влошувањето на човековите права во Иран, особено во однос на жените и децата.
Протестите во Иран избија по смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше приведена од полицијата поради неправилно носење хиџаб. Според активистите за човекови права во Иран, во протестите загинале најмалку 328 лица, а уапсени се 14.825 лица.
