Нов земјотрес со сила од 4,3 по Рихтер кај Римини

12.11.2022 11:23

Повторно земјотрес во близина на италијанскиот брег во Јадранското море. Епицентарот бил на 61 километар од италијанскиот град Римини...

Повторно земјотрес во близина на италијанскиот брег во Јадранското море. Потресот бил со сила од 4.3 степени по Рихтер, на длабочина од 10 километри.

Епицентарот бил на 61 километар од италијанскиот град Римини.

Италија претходно ја погоди земјотрес со јачина од 5,7 рихтери со епицентар во морето помеѓу Анкона и Римини.