Македонија

Компаниите во Пелагонскиот регион под притисок на енергетската криза

12.11.2022 12:44

Околу илјада микро фирми од Пелагонискиот регион ставиле клуч на врата под притисок на енергетската криза, велат од Регионалната стопанска комора. Бизнисмените спас гледаат во последните владини мерки за малите потрошувачи и прехранбената индустрија. Уверуваат, со поддршката ќе паднат и цените на храната...

Во битолската Регионална стопанска комора, конечно трошка надеж дека стопанството може да земи здив во Пелагонискиот или вториот по големина регион во земјава, кој учествува со околу 14 отсто во бруто домашниот производ. Со можноста компаниите електрична енергија да набавуваат на регулираниот пазар, очекуваат да запрат негативните ефекти, посебно врз прехранбената индустрија, стопанските субјекти кои зависеа од увозни репроматеријали, извозно ориентираните компании кои доживеаа пад за шест проценти, како и запирање на трендот на згаснување на фирми.

Претседател на Регионалната стопанска Комора-Битола, Мирко Велковски, дециден, се знае точно колку струјата учествува во финалниот производ и тука вели мора да се испочитува мерката за намалување на цените на производите. За уште поцврсто тло на стопанството како стопанска комора апелираат по нова година банките да не ги зголемуваат каматните стапки за компаниите кој сакаат да инвестираат.

Имајќи предвид дека енергетската криза нема лесно да се надмине, неговите анализи одат дотаму, дека со евентуална измена на законот за сметка на некој друг ден, да се работи во недела, компаниите ќе можат да влечат поевтина енергија, со што би се овозможило дополнителни два до три проценти цените на производите да се намалат.

Стевче Митревски