Брегалничкиот регион со намалени приноси на мед
Брегалничкиот регион е идеален за производство на квалитетен мед. Годинава приносот е под просекот, но медот е квалитетен, а пчеларите во добар дел употребуваат биотехнички методи за лекување на пчелите. Велат дека цената на медот е повисока заради скапите репроматеријали и горивата…

Годинава на истокот производството на мед е солидно само во низинските региони. Заради обилните врнежи приноси кај пчеларите во планинските региони скоро и да нема. Недостиг од планински мед се чувствува и после пожарите во Малешевијата минатата година, каде изгореа неколку стотини пчелни семејства. Приносот годинава од една кошница е околу 10 килограми, што е значително помалку од просечните 17 килограми минатите години. Ова, како и скапото горивото и репроматеријалите, резултираа со поскапување на медот
Здружението „Меден Исток“ ги здружува пчеларите од Брегалничкиот регион. Една третина од членовите се жени, а над 20 проценти се млади лица. Освен за мед, здружението врши едукација за производство и на останатите пчелни производи.
Ванчо Кировски од здружението „Меден Исток“ смета дека пчеларството е силен адут на регионот со потенцијал да прерасне во сериозна деловна активност, но и извор на дополнителни приходи кај руралните домаќинства.
Славица Величковска
