Македонска понуда за романски инвестиции

25.11.2013 16:54

Продолжува промоцијата на поволностите за инвестирање во Македонија. За  македонската бизнис клима слушнаа и повеќе романски компании.   Премиерот  Никола Груевски  оствари одвоени средби со повеќе стопанственици од сферата на автомобилската индустрија, градежништвото и туризмот. Некој од нив веќе пројавиле интерес да ја посетат Македонија за одблиску да се запознаат со можностите за инвестирање.

Некои од нив ќе дојдат во посета на Македонија за да разговараат со различни институции, и различни аспекти кои што се важни за нивниот бизнис, за некои од нив ние ќе испратиме луѓе тука во Романија кои што ќе треба одржат одредени презентации за одредени детали во повеќе области. Така што станува збор за корисни средби и се надевам дека од дел од овие поединечни средби и разговорите што ги имам со сопственици или генерални менаџери на овие крупни романски компании подоцна ќе произлезе некоја инвестиција во Република Македонија изјави во Букурешт Никола Груевски – претседател на Владата на РМ.

Груевски се сретна и со домаќинот Виктор Понта кој смета дека Македонија ги исполнува критериумите за членство во НАТО и почнување на преговорите со ЕУ.