Енергетска криза

Расте бројот на компании кои вложуваат во обновливи извори

12.11.2022 13:49

Сè поголем број компании вложуваат во обновливи извори. Малите прават пресметки за поставување фотоволтаици, големите фирми гледаат решение за скапата струја. Граганите со став- инвестицијата има оправданоста но е скапа поради нискиот стандард...

Големите фирми инсталираат, бараат решение за скапата струја, малите пресметуваат. Граѓаните по првичната еуфорија, го обвинуваат нискиот стандард за вложување во обновливата енергија. Вака, горе-долу е ситуацијата со фотоволтаиците, за кои државата дава поттик, ја зголеми моќноста и нуди упростување на процедурите.

Иако, заостануваме една година, не е доцна да се дејствува. Сега се соочуваме со недоволно лиценцирани фирми за изведба.

Прилепчани, главно, ја одбегнуваат темата, другите го обвинуваат нискиот стандард кој не им дозволува да се впуштат во „соларна инвестиција“.

За фирмите алармантно е веднаш да почнат да инсталираат за да не банкротираат. Од друга страна, има проблем кој треба да се реши – само еден е универзален снабдувач на струја.

Во ваква кризна состојба, итна е потребата да се искористат обновливите извори на енергија.

Елизабета Митреска