АД ЕСМ

Обезбеден е гас за топланите Исток и Запад до крај на месецов

12.11.2022 14:04

Обезбеден е гас за топланите Исток и Запад до крајот на ноември. Од ЕСМ вела, набавката продолжува на покуси временски период заради осцилациите на цената на пазарот. Ако екстремно се зголемат системот технички се подготвува и за работа на дизел..

Обезбеден е гас за топланите Исток и Запад до крај на месецов, информира АД Електрани на Македонија. Потребните количини се набавени од Макпетрол по цена од 1.345 евра за илјада нормални кубни метри.

Од ЕСМ посочуваат дека ќе продолжат да вршат набавки за покуси временски периоди, за да имаат корист од намалувањето на цената на пазарот. Паралелно, системот технички се подготвува и за работа на топланите на дизел како резервна варијанта, но тестирањето ќе се врши откако ќе се добијат соодветни дозволи.

Овој енергенс ќе се користи само во случај ако гасот стане недостапен на пазарот или ако цената екстремно се зголеми.