Повлечени Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк
Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова информираше дека по реакциите во јавноста, донесена е одлука за повлекување на Предлог-измените на законот за студентски оброк. Критериумите ќе се усогласуваат со студентите...

Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова информираше дека по реакциите во јавноста, донесена е одлука за повлекување на Предлог-измените на законот за студентски оброк. Критериумите ќе се усогласуваат со студентите.
Таа ги повика претставниците на универзитетските студентски собранија на средба в понеделник попладне, заедно со министерот за образование Јетон Шаќири за да се изнајде заеднички прифатливо решение.
Потегот следува по жестоките реакции дека се предвидува, ова право да го загубат студентите кои добиваат стипендија, оние чиишто родители имаат месечен приход над 18 илјади денари, како и апсолвентите.
