Променливо облачно, со појава на магла во котлините
Во западните делови во претпладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен дожд, а во источните ќе преовладува посончево време. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Во западните делови во претпладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен дожд, а во источните ќе преовладува посончево време. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 16 степени.
