Демократите ќе ја задржат контролата врз Сенатот по победата во Невада
Сенаторката Кетрин Кортез Масто го победи републиканскиот противкандидат Адам Лаксалт, кој беше поддржан од поранешниот претседател Доналд Трамп. Американскиот претседател, Џо Бајден, рече дека е задоволен и дека е време републиканците да одлучат „кои се“...

Демократите ќе ја задржат контрола на американскиот Сенат, откако победија во клучната изборна трка во Невада.
Сенаторката Кетрин Кортез Масто го победи републиканскиот противкандидат Адам Лаксалт, кој беше поддржан од поранешниот претседател Доналд Трамп. Американскиот претседател, Џо Бајден, рече дека е задоволен и дека е време републиканците да одлучат „кои се“.
Водачот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, рече дека резултатите покажале оти американскиот народ ја отфрлил, како што ја нарече, „насилната реторика“ на Републиканската партија.
