НБА победи на Хјустон, Чикаго и на Бруклин!
Хјустон и Чикаго намалија, Бруклин поведе со 2:1 во првото плеј – оф коло во НБА лигата. По двата домашни пораза во западната конференција, „Рокетс“ триумфираа во Портланд и тоа по продолжение со 121:116. Клучна беше тројката на Дениелс во финишот на мечот, но играч на натпреварот беше Харден кој постигна 47 поени.
Истото го направи и Чикаго којшто до првиот триумф во серијата против Вашинготн дојде на гостински паркет. 100:97 најмногу благодарение на Данливи и неговите 35 кошеви.

На “истокот“, брејкот остварен во Торонто, кошаркарите на Бруклин го потврдија со победата во својата сала, 102:98. Најефикасен на дуелот беше Џонсон со 29 поени... Вечерва со почеток околу 20 часот по македонско време, Перо Антиќ и Атланта при водство од 2:1 ќе го одиграат четвртиот натпревар, втор дома против екипата со најдобар ефект во источната конференција во лигашкиот дел од сезоната, Индијана.