Украина

Зеленски: Повеќе од 60 населени места под контрола на украинската војска

13.11.2022 10:31

Рече и дека руската војска ја уништила целата критична инфраструктура во Херсон пред да побегне, вклучувајќи ги и комуникациските врски и снабдувањето со вода, греење и електрична енергија...

Украинскиот претседател Зеленски рече дека украинската војска воспоставила контрола на повеќе од 60 населени места во регионот на Херсон и дека во градот се спроведуваат „мерки за стабилизација“.

Рече и дека руската војска ја уништила целата критична инфраструктура во Херсон пред да побегне, вклучувајќи ги и комуникациските врски и снабдувањето со вода, греење и електрична енергија.