Валенсија

Силно невреме во Шпанија

13.11.2022 10:37

Воздушниот сообраќај беше во прекин, десетина летови беа пренасочени кон други аеродроми, а 28 целосно откажани. Невремето, вчера го погоди источниот брег на покраината, придружено со силен ветер и врнежи од дожд...

Аеродромот во Валенсија, источна Шпанија беше затворен неколку часа поради силно невреме. Воздушниот сообраќај беше во прекин, десетина летови беа пренасочени кон други аеродроми, а 28 целосно откажани.

Невремето, вчера го погоди источниот брег на покраината, придружено со силен ветер и врнежи од дожд, кои изутрината станаа уште пообилни. Невремето го попречи и железничкиот сообраќај во Валенсија.