Одбележан 13 Ноември - Ден на ослободувањето на Скопје
Јован Манчевски, член на сојузот на борците, како и секоја година досега, им одаде почит на неговите соборци. Освен Манчевски, пред споменикот на ослободителите на Скопје се поклонија функционери, политичари, граѓани...

Јован Манчевски, како и секоја година досега, им одаде почит на неговите соборци. Се присеќа како неговата 8-ма велешка ударна бригада по наредба на генералот Апостолски, со еден дел учествувала од кај Маџари, а другиот добил задача да ја оневозможи комуникацијата Куманово – Скопје.
„Во раните утрински часови на овој ден, додека паѓаше ситен снег, партизанските единици го опколуваат Скопје, со нетрпение чекаат да се даде команда за напад, за ослободување на Скопје“, рече Јован Манчевски, член на сојузот на борците.
Освен Манчевски, пред споменикот на ослободителите на Скопје се поклонија функционери, политичари, граѓани.
„Да не ги разочараме оние кои животот го дале да живееме во слободна држава“, рече градоначалничката на Скопје.
На физички и на правни лица како знак на признание на Градот Скопје, Наградата „13 Ноември“ ќе им биде доделена за остварувања во многу области и сегменти од општественото живеење и кои претставуваат посебен придонес за развојот на Градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација.
Наташа Јанчиќ Менковски
