Турција

Силна експлозија во центарот на Истанбул, има загинати и повредени

13.11.2022 16:39

Медиумите пренесуваат дека има најмалку 6 лица загинати и над 50 ранети. На терен се припадници на полицијата, пожарникари, медицински екипи. Надлетуваат и хеликоптери....

Силна експлозија попладнево, нешто по 16 часот по локално време, одекна во центарот на Истанбул, на популарнатa пешачка улица Истиклал, кај плоштадот Таксим.

Медиумите пренесуваат дека има најмалку 6 лица загинати и над 50 ранети. На терен се припадници на полицијата, пожарникари, медицински екипи. Надлетуваат и хеликоптери.

Сè уште не се познати причините за експлозијата, но медиумите пренесуваат дека пристигнале повеќе дојави за поставени бомби во тој дел од градот.

Покрената е истрага. Пред 6 години оваа улица беше мета на бомбаш самоубиец.

Од македонското МНР велат дека досега не се пријавени наши државјани кои побарале помош.