Нов протест на оризопроизводителите од Облешево
Откупот е селективен, со цена пониска од производната. Оризопроизводителите денес го блокираа магистралниот пат Кочани-Штип кај село Облешево. Незадоволни од земјоделските политики, самостојниот земјоделски синдикат најави генерален штрајк до крајот на годината.

Жетвата на оризот заврши, но под голем знак прашалник е сеидбата на пролет, велат оризопроизводителите кои излегоа на протест, 12-ти по ред во последните 13 месеци. Главниот проблем е откупот на арпата, за која надлежните утврдија производна цена од 27, а во моментот се откупува за 25 денари. Доцнат и субвенциите.
Поддршка за барањата оризопроизводителите добија од колегите од цела држава
Земјоделците се незадоволни, велат од синдикатот и најавуваат генерален штрајк до крајот на годината
Оризот годинава во кочанско беше застапен на околу 4.000 хектари и со просечен принос од 500 килограми од декар.
Славица Величковска
