Гласањето во Брисел во фер и демократска атмосфера
Во изборната единица 7, избирачко место 5003 во центарот на Европската Унија, Брисел, гласачкиот процес се одвива во фер и демократска атмосфера, истакна претседателот на изборниот одбор, Даим Иљази. Неговите очекувања се дека 90 проценти од запишаните во избирачкиот список денеска ќе излезат на глсање...

Во единственото гласачкото место во Белгија, 5003 во Амбсадата на Република Македонија во Брисел, според избирачкиот список, за парламентарните избори запишани се 777 гласачи.
„До 13 часот за парламентарните избори од вкупно запишание 777, гласале 212 гласачи, а за предеседателски од вкупно запишаните 98 гласале 55 гласачи“, изјави претседателот на изборниот одбор, Даим Иљази.
Македонските државјани кои живеат и работат во странство за прв пат оваа година имаа можност да го дадат својот за избор напредседател, додека за народните преставници, дијаспората прв пат гласаше во 2011 година. Генерално очекувањата од денешните избори се поголем интерес за иселениците.
„Оптимистички гледам на оваа Влада и овие избори, очекувам сепак некое подобрување, не може преку ноќ да сесмени, но се надевам на подобро“, вели еден гласач од оваа изборна единица.
„На овие парламентарни и претседатлски избори очекуваме повеќе внимание за иселеницте тука во Белгија“, додава друг гласач.
Во избирчкото место 5003 во Брисел изборниот процес во текот на целиот ден се одвиваше во фер и демократска атмосфера.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник на МРТ од Брисел
