Македонија и Албанија ќе одржат заедничка владина седница
Заедничка меѓувладина седница ќе одржат владите на Северна Македонија и на Албанија денеска во Скопје. На седницата официјални обраќања ќе имаат премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама...

Заедничка меѓувладина седница ќе одржат владите на Северна Македонија и на Албанија денеска во Скопје. На седницата официјални обраќања ќе имаат премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама.
Министри од двете земји ќе потпишат договори и меморандуми за продлабочување на соработката.
Владата сè уште не кажа каква е агендата за денешната меѓувладина седница и посетата на делегацијата од Албанија, но, како што кажа вчера премиерот, по средбата веројатно ќе следува и прес-конференција со премиерот на Албанија Еди Рама.
Поради посетата на албанската делегација, во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците во поширокото централно подрачје.
