Временска прогноза
Сончево со мала облачност, претпладне магла
14.11.2022 08:47
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Минималната температура ќе биде во интервал од-3 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје претпладне магловито, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 15 степени.
