Студентите денеска на протест пред Собранието
Денеска во 16 часот здружението „Студентски отпор“ пред Собранието на Македонија закажа протест на студентите со барање за подобри студентски услови...

Денеска во 16 часот здружението „Студентски отпор“ пред Собранието на Македонија закажа протест на студентите со барање за подобри студентски услови. Протестот ќе се одржи и покрај тоа што власта ги повлече измените на Законот за студентски стандард, а со кои се предвидуваше кратење на групите на студенти што добиваат надомест за дневен студентски оброк.
„Студентски отпор“ бара да се зголеми висината на субвенцијата на студентскиот оброк од 120 на 150 денари, израмнување на сите стипендии, студентите да не бидат дел од владините мерки за штедење и да се подобрат условите во студентските домови.
Најавено е учеството на претставници на студентите на УКИМ и на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.
