Советот на ЈО ќе одржи седница за именување на Абази за шеф на ОЈО ГОКК
На изборите пред една недела, Aбази ја доби довербата од неговите колеги. Во јавноста многу реакции, за негова поврзаност со ДУИ. Тој негира политичка поврзаност.
Советот на јавни обвинители на седница треба да го потврди изборот на Ислам Абази за шеф на Oбвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
На изборите пред една недела, Aбази ја доби довербата од неговите колеги. Во јавноста многу реакции, за негова поврзаност со ДУИ. Тој негира политичка поврзаност.
Советот ќе треба да донесе и одлука за избор на виш јавен обвинител во Скопје и во Гостивар, како и за избор на по еден основен јавен обвинител во Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци и Куманово.
На дневен ред на седницата е и одлуката за објавување оглас за избор на четворица јавни обвинители во одделот за гонење криминал, бидејќи на 27-ми октомври Советот не избра ниту еден од шестмината кандидати.
