Турција

Уапсена жена осомничена за бомбата во Истанбул

14.11.2022 10:02

Турската полиција уапси жена осомничен за бомбата на прометната пешачка улица во Истанбул. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека првите наоди од истрагата укажуваат дека за смртоносниот напад се одговорни курдските екстремисти.

Турската полиција уапси жена осомничена за бомбата на прометната пешачка улица во Истанбул. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече дека првите наоди од истрагата укажуваат дека за смртоносниот напад се одговорни курдските екстремисти.

„Знаеме каква порака сакаат да ни ја дадат сторителите на оваа акција. Нашиот одговор ќе биде многу јасен за сите оние кои навидум се однесуваат како пријатели, кои ги кријат сите терористи во својата земја, областите со кои владеат“, рече Сулејман Сојлу, турски министер за внатрешни работи.

Во експлозија на авенијата Истиклал, во близина на познатиот плоштад Таксим во Истанбул, загинаа шест лица, а над 80 се повредени.

„Сметаме дека станува збор за терористички чин што се случил на оваа раскрсница како резултат на напаѓач, за кого сметаме дека е жена, активирајќи бомба. Врз основа на досега добиените информации. Кој и да стои зад овие акции, ќе биде фатен исто како што ние ги фативме другите терористи“, изјави Фуат Окта, потпретседател на Турција.

Во врска со експлозијата се приведени уште 21 лице, а првите наоди од истрагата упатуваат на ПКК и нејзиниот огранок во Сирија.