Зеленски ги обвини руските сили за воени злосторства во Херсон
„Истражниците веќе документираа повеќе од 400 руски воени злосторства. Пронајдени се тела на загинати цивили и војници. Руската армија зад себе остави траги на дивјаштво, како и во другите региони на земјата низ кои минуваше“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги обвини руските војници дека извршиле воени злосторства и убивале цивили во Херсон, град чии делови беа повторно преземени од украинската армија минатата недела по повлекувањето на Русија.
„Истражниците веќе документираа повеќе од 400 руски воени злосторства. Пронајдени се тела на загинати цивили и војници. Руската армија зад себе остави траги на дивјаштво, како и во другите региони на земјата низ кои минуваше“, рече Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Русија негира дека нејзините војници намерно ги загрозувале цивилите.
