ООН

ОН ќе гласаат за предлогот Русија да и плати воена отштета на Украина

14.11.2022 10:05

Генералното собрание на Обединетите нации денеска, на иницијатива на западните земји, ќе гласа за резолуција со која Русија ќе биде одговорна за кршење на меѓународното право...

Генералното собрание на Обединетите нации денеска, на иницијатива на западните земји, ќе гласа за резолуција со која Русија ќе биде одговорна за кршење на меѓународното право поради нејзиниот напад врз Украина, поради што ќе треба да плати воена отштета.

Резолуцијата предлага формирање меѓународен регистар за тврдењата и информациите за штетите, загубите и повредите што Русија им ги нанела на украинците и нивната Влада.