Словенија ја избра првата жена претседател
Наташа Пирц Мусар победи во вчерашниот втор круг од претседателските избори во Словенија и ќе стане првата жена шеф на државата во земјата, покажуваат прелиминарните резултати...

Наташа Пирц Мусар победи во вчерашниот втор круг од претседателските избори во Словенија и ќе стане првата жена шеф на државата во земјата, покажуваат прелиминарните резултати.
Пирц Мусар (54) освои 53,86 отсто од гласовите во вториот круг, додека нејзината ривалка, десничарската политичарка и поранешна министерка за надворешни работи Анже Логар, освои 46,14 отсто, според податоците на изборната комисија врз основа на 99 отсто преброени гласови.
Новата претседателка на Словенија, земја членка на ЕУ и НАТО, ќе го замени Борут Пахор, кој е активен во политиката 30 години. Поранешниот претседател Борут Пахор, кој служеше два петгодишни мандати.
