МВР: 648 санкции за брзо возење
48 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 648 возачи.
Од нив 48 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 316 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 332 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.
