Ковачевски- Рама: Северна Македонија и Албанија имаат заедничка цел за брза европска интеграција
Како што соопштуваат од Владата, премиерите дискутираа за потребата од зацврстување на соработката во повеќе сегменти, особено во овие турбулентни времиња на воени превирања и светска енергетска криза.

Премиерот Димитар Ковачевски, одржа тет-а-тет средба со неговиот албански колега Еди Рама. На средбата премиерите на двете земји ја потенцираа важноста за натамошно унапредување на билатералната соработка, која и сега е на високо ниво.
Како што соопштуваат од Владата, премиерите дискутираа за потребата од зацврстување на соработката во повеќе сегменти, особено во овие турбулентни времиња на воени превирања и светска енергетска криза.
На средбата се дискутираше и за евро-интегративните процеси на двете земји и важноста од фокусирана посветеност, сè со цел земјите да станат полноправни членки до 2030 година. Премиерите Ковачевски и Рама на средбата посочија дека денешната меѓувладина седница е од исклучително значење од што бенефит ќе имаат двете држави и граѓаните, во речиси сите области каде што има потенцијал за унапредување на соработката.
Премиерите Ковачевски и Рама се согласија дека добрите билатерални односи помеѓу двете земји, се од голема важност и за економскиот развој, како и за продлабочување на бизнис соработката меѓу стопанствениците од двете земји. Негувањето на добрите релации, поврзување на народите, инфраструктурно зајакнување меѓу двете земји е од голема важност за натамошен напредок, беше заклучено на состанокот- стои во соопштението.
