Македонските инженери во фокус на странските инвеститори
Компаниите секојдневно бараат кадар од факултетот за електротехника...

Странските инвеститори ги скенираат македонските инженери. Компаниите секојдневно бараат кадар од факултетот за електротехника. Надлежните тврдат дека продуцираат квалитетен и обучен кадар.
„Вчера имавме компанија од Израел, пред еден ден од Австралија. Се интересираа колкав е бројот на инжењери и каков е квалитетот на инжењерите коишто излегуваат од нашиот факултет. Морам да нагласам дека нашите инжењери се комплетно способни да се вклучат во производството на компаниите“, вели деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), проф. д-р Миле Станковски.
Студентите пак се сигурни дека дипломата од овој факултет ќе им донесе сигурно вработување.
„Сите тие компании, дали доаѓаат од секторот енергетика, роботика или компјутерските технологии и инженерство, го имаат оној кадар на студенти што е спремен и понатака што може директно да се вработи во некоја од тие компании“, вели Симона, студент на ФЕИТ.
Денеска ФЕИТ ги отвори вратите за матурантите.
