МВР

Лишено од слобода лице барано со потерница

14.11.2022 12:45

За неа била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 200 од Кривичниот законик.

Денеска во 11.20 часот на улица „Скупи“ во населбата Злокуќани во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода Н.С.(25) од Струмица, со место на живеење во с.Трубарево, скопско.

За неа била распишана централна потерница по наредба од Основен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 200 од Кривичниот законик.

Таа ќе биде предадена на надлежна казнено поправна установа за издржување на казната- соопштуваат од МВР.