Москва демантира дека Лавров е хоспитализиран
Украинскиот претседател Зеленски ги обвини руските војници дека извршиле воени злосторства и убивале цивили во Херсон, град чии делови беа повторно преземени од украинската армија минатата недела по повлекувањето на Русија...

Украинскиот претседател Зеленски ги обвини руските војници дека извршиле воени злосторства и убивале цивили во Херсон, град чии делови беа повторно преземени од украинската армија минатата недела по повлекувањето на Русија. Русија негира дека нејзините војници намерно ги загрозувале цивилите.
Руското министерство за надворешни работи на 14-ти ноември го негираше извештајот на Асошиејтед Прес дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров бил пренесен во болница. За руското министерство извештајот е „врв на невистината“.
Претходно Асошиејтед Прес јави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е пренесен во болница откако претрпел здравствен проблем по неговото пристигнување на Самитот на Групата 20 на Бали.
Тројца индонезиски владини и медицински претставници за Асошиејтед Прес изјавија дека рускиот дипломат се лекува во одморалиште на островот. Тие одбија да бидат идентификувани, бидејќи не биле овластени јавно да разговараат за ова прашање. Двајца од луѓето рекоа дека Лавров се лекува од срцева болест.
