Здравство

Децата со дијабетес сè уште чекаат апарати за безболно мерење гликемија

14.11.2022 13:33

1.500 евра годишно родителите двоеле од семејниот буџет за сензорни апарати за безболно мерење гликемија, кои ги нарачувале од странство. Сериозен проблем е и немањето на термини за преглед. Нема ниту на Клиниката за ендокринологија, ниту во амбулантите низ државата...

Децата со дијабетес пет години чекаат сензорни апарати за безболно мерење гликемија, родителите веруваат дека годинава ќе ги добијат со цел да имаат подобра гликемиска контрола, со што ќе се спречат компликациите. Родителите апаратите ги нарачувале од странство. 1.500 евра годишно двоеле од семејниот буџет.

Од сојузот велат една недела нема инсулин, преку социјалните мрежи и солидарност пациентите обезбедуваат терапија. До крајот на неделата очекуваат овој проблем да се надмине. Сериозен проблем е и немањето на термини за преглед. Нема ниту на Клиниката за ендокринологија, ниту во амбулантите низ државата.

Според податоците на сојузот, 46 илјади граѓани се на инсулинска терапија, велат бројката на новозаболени прогресивно расте. Едно од десет лица во светот е со дијабет.

Наташа Ј. Менковски