Новиот филм на Манчевски пред македонската публика
Премиерата на „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски ќе се случи во среда, 16 ноември во Македонската филхармонија. Веќе од следниот ден, четврток, „Кајмак“ почнува истовремено да се прикажува во речиси 30 градови низ целата земја...

Со гала претстава во Македонската филхармонија на 16-ти и прикажувањето низ 30 градови низ Македонија следниот ден, премиера на филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски. Од екипата велат дека тој е црна комедија за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот.
„Кајмак“ ја доживеа и премиерата во Тајван, каде се прикажува вон конкуренција на Филмскиот фестивал „Златен коњ“. Проекциите беа во преполни сали, со едночасовни редици на публиката за автограм од македонскиот режисер Манчевски.
Филмот е европска копродукција, поддржан од Агенцијата за филм, како и од филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и Бугарија. Македонската Радио Телевизија е копродуцент.
Александра Спировска
