Ковачевски-Рама: Заедно ќе чекориме кон ЕУ
По пет години, повторно заедничка седница на владите на Македонија и Албанија. Заедно влеговме во НАТО, заедно ќе чекориме кон ЕУ, сега се е во наши раце-порака од Ковачевски и Рама. Не одговори директно, дали власта има 80 пратеници за изгласување на уставните измени...

Евроинтеграциите во фокусот на дискусиите на заедничката седница на Владите на Македонија и Албанија. Премиерите на двете земји ја истакнаа посветеноста на остварување на заедничката цел.
Потребни беа прогресивни раководства кои можат да се издигнат над личните политички интереси рече македонскиот премиер и истакна дека како Влада успеале да ги почнат преговорите со зачуван идентитет и јазик, и решени дел од историските прашања. На патот кон европското семејство Уставните измени, се нови предизвици со кој треба сите инклузивно да се соочиме – оценува Ковачевски.
Коментирајќи ги уставните измени што треба да ги направи Република Северна Македонија, премиерот на Албанија рече дека неговата држава има поинаков модел, истакна дека познава многу малцинства, вклучително и бугарското.
Албанскиот премиер потсети на резултатите направени во рамки на Отворен Балкан и рече дека ќе продолжат да го поддржуваат Берлинскиот процес, бидејќи, како што кажа, тие две се поврзани една со друга.
На заедничката седница потпишани се повеќе договори и меморандуми помеѓу министрите на двете држави, кои се однесуваат на зацврстување на соработката во повеќе сегменти.
Премиерот Ковачевски пред платото на Владата, Рама официјално го пречекаа со највисоки државни и воени почести.
Марина Стојанова Тонева
