Совет на јавни обвинители

Абази ја презема функцијата

14.11.2022 14:32

Советот на јавни обвинители на седница го потврди изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. На изборите пред една недела, Абази ја доби довербата од неговите колеги …

Новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Абази едногласно именуван од Советот. Обвинителите Јолевски, Мемети, Исаку и Штерјов, посочија дека Абази има одлични менаџерски и стручни капацитети. Откако станал шеф на Вишото јавно обвинителство Гостивар, првата година од неговиот мандат биле преполовени, а потоа и целосно расчистени сите стари предмети.

Советот ја прекина седницата за избор на шеф на Вишото скопско јавно обвинителство поради потребата од дополнително време за разгледување на оценките и досиејата на кандидатите. Меѓу нив се актуелниот обвинител на вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи како и обвинителите Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми, кои беа дел од поранешното Специјално јавно обвинителство по што беа избрани за виши обвинители.

За следниот понеделник се одложи и изборот на шефовите на повеќе обвинителства и тоа на Вишото јавно обвинителство Гостивар, како и шефови на обвинителствата во Велес, Битола, Гостивар, Кавадарци и Куманово.

Фиљана Кока