Македонија

Димовски на Комисија ќе реферира за пасошот на Онишченко, Ковачевски чека извештаи

14.11.2022 14:52

Директорот на АНБ, Виктор Димовски повикан на седница на собраниската комисија за надзор на работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање. Единствена точка-улогата на Агенцијата во безбедносната проверка на Олександр Онишченко за добивање македонско државјанство…

Премиерот Ковачевски ги чека извештаите од четирите институции кои дале зелено светло за македонското државјанство на Украинецот Онишченко. Ковачевски без отворен коментар на барањето на опозицијата директорот на АНБ, Виктор Димовски да биде отповикан од амбасадорската функција во Франција. Го повика претседателот на собраниската комисија за надворешни да свика седница.

Пратеникот Љупчо Пренџов кој раководи со Комисијата за надзор на работата на АНБ веќе свика седница на која ќе се разговара за институционалниот пропуст со Украинецот, на која ќе биде повикан и директорот на АНБ, Димовски.

Засега останува нејасно како олигархот кој е на црната листа на САД, добил македонско државјанство за учество под македонско знаме во коњички спортови, Онишченко бил баран и од украинците за повеќе кривични дела.

Миле Ристески