Истражители откриле повеќе од 400 воени злосторства во областа Херсон, тврди Зеленски
Официјална Москва негира дека нејзините војници намерно напаѓале цивили. Во меѓувреме, украинските власти воведоа полициски час во текот на ноќта и го ограничија патувањето до и од Херсон...

Истражители откриле повеќе од 400 воени злосторства во областа Херсон, по повлекувањето на руските сили, тврди украинскиот претседател Зеленски. Тој рече дека се пронајдени тела на цивили и војници, но овие тврдења сè уште не се проверени.
Официјална Москва негира дека нејзините војници намерно напаѓале цивили. Во меѓувреме, украинските власти воведоа полициски час во текот на ноќта и го ограничија патувањето до и од Херсон. Забранет е транспортот на Днепар.
На Украина и претстојат тешки месеци и воената способност на Русија не треба да се потцени, вели генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој побара континуирана меѓународна поддршка за Киев.
