Студентите на протест пред Собрание, бараат подобри услови за студирање
„Стоп за уништувањето на студентскиот стандард“- едночасовен протест на стотина студенти пред Собранието. Побараа зголемување на субвенциите за студентски оброк и подобрување на условите во студентските домови...

Под мотото „Стоп за уништувањето на студентскиот стандард“, едночасовен протест на стотина студенти од Студентскиот отпор пред македонското Собрание.
Во негови рамки, студентите ги повторија своите барања за зголемување на субвенциите за студентски оброк од 120 на 150 денари, изземање на студентите од владините антикризни мерки за штедење и подобрување на условите во студентските домови. Студентите револтирани и од како што рекоа – дрскиот обид на владејачкото мнозинство за законски измени со кои се ускратува правото на бесплатен оброк на одредени категории студенти.
Паралелно со протестот на студентскиот отпор, членовите на универзитетското студентско собрание на средба во собранието со министерот за образование Јетон Шаќири и дел од пратениците. Се надеваат дека ќе се спогодат. Во спротивно најавија нови протести.
Марија Котовска
