Ирена Попова ја напушти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје
Таа е втор советник што ја напушта најголемата опозициска партија во Град Скопје, откако Александар Трајановски, член на ГРОМ, исто така ја напушти коалицијата, по што стана заменик на градоначалничката Данела Арсовска...

Советничката Ирена Попова од редовите на ВМРО – ДПМНЕ во Град Скопје, денеска изјави дека ќе настапува како независен советник. Таа е втор советник што ја напушта најголемата опозициска партија во Град Скопје, откако Александар Трајановски, член на ГРОМ, исто така ја напушти коалицијата, по што стана заменик на градоначалничката Данела Арсовска.
Во ВМРО – ДПМНЕ коментираат дека за моралните вредности на советниците немаат намера да коментираат, тоа ќе треба да им го објаснат на гласачите кои ги гласаа за „Обнова на Македонија“.
