Регион

Косово: Вонредните локални избори во општините со мнозинско српско население

15.11.2022 10:05

Претседателката на Косово, Вјоса Османи синоќа објави дека е закажано одржувањето на вонредните локални избори во општините со мнозинско српско население на северот на Косово...

Претседателката на Косово, Вјоса Османи синоќа објави дека е закажано одржувањето на вонредните локални избори во општините со мнозинско српско население на северот на  Косово, во кои градоначалниците и членовите на советите поднесоа оставки на почетокот на месецов.

Таа најави и дека ќе побара од меѓународните партнери да го набљудуваат гласањето на 18-ти декември и да бидат што е можно поприсутни на терен во текот на целиот изборен процес.

Вчера еврокомесарот за надворешна политика и безбедност Борел од состанокот на Министри за надворешни работи на ЕУ изјави дека им доставил план на Белград и Приштина за надминување на кризата.