Свет

Г20: Водечки светски економии едногласни за напорите за заштита на климата

15.11.2022 10:15

Во заедничката декларација, земјите-членки ја поздравуваат проширената и нова национална акција за климата и ги повикуваат сите страни итно да ги намалат емисиите на стакленички гасови...

Дваесетте водечки светски економии едногласни за напорите за заштита на климата и подобро финансирање.

Во заедничката декларација, земјите-членки ја поздравуваат проширената и нова национална акција за климата и ги повикуваат сите страни итно да ги намалат емисиите на стакленички гасови приспособувањето кон последиците од климатските промени како и средствата за имплементација.

Г20 исто така повика на напредок во преговорите за репарации за штетите предизвикани од климатските промени во сиромашните региони, спорно прашање што исто така е на врвот на агендата на климатскиот самит КОП27 што се одржува во Египет.