ЕВРОПА
Регистрирани 275.000 илегални премини на европските граници
15.11.2022 10:22
Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс изјави дека најголемиот дел од влезовите сѐ уште се случуваат на Западнобалканската рута...

275.000 илегални премини на европските граници се регистрирани во периодот од јануари до октомври годинава, објави граничната агенција на Европската унија.
Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс изјави дека најголемиот дел од влезовите сѐ уште се случуваат на Западнобалканската рута, каде што биле откриени над 128.000 нелегални влезови.
Мигрантите на таа рута се главно од Бурунди, Авганистан и Ирак.
