Интересот за гласање во Белград голем- излезеноста до 17:30 околу 70%

26.04.2014 19:13

Во македонската амбасада постои голем интерес за гласање. Буквално се чека ред за гласање...

Во Белград голем интерес на македонските државјани во Србија за гласање на парламентарните и на вториот круг од претседателските избори. 421 граѓанин, запишани во посебниот извод на избирачкиот список во Амбасадата на Македонија во Белград, го остваруваа своето граѓанско право за избор на пратеник од европската изборна единица-7. За претседател на Република Македонија во Белград имаа можност да гласаат 241 македонски државјанин.

„Изборниот процес тече нормално, во целосно демократска атмосфера. Интересот е голем и до 17.30 часот за претседателските  избори одзивот е 74%,  додека за парламентарните избори излегоа 64% од запишаните гласачи“, изјави Марјан Јовановски, претседател на Избирачки одбор во Избирачко место 5025.

Македонските државјани во Србија за прв пат гласаа на претседателските избори, на избирачкото место 5025 во македонската амбасада.

„Речиси од Суботица до Врање од цела Р.Србија македонците излегоа на гласањето во масовен број, со што пратија порака дека Македонија секогаш ќе ја подржуваат и дека сакаат да победи македонството“, вели Борче Величковски, претседател на МНЗ во Србија.

Гласањето се одвиваше мирно и достоинсвено, а граѓаните од утринските часови во Белград го остваруваа своето граѓанско право.

Во македонската амбасада постои голем интерес за гласање. Буквално се чека ред за гласање.

 

Оливер Бранковиќ