Австралија
Големи поплави во Австралија
15.11.2022 12:03
Стотици жители на југоисточниот дел на Австралија се спасени од хеликоптери и чамци откако беа погодени од големи поплави...

Стотици жители на југоисточниот дел на Австралија се спасени од хеликоптери и чамци откако беа погодени од големи поплави. Цели градови се отсечени од остатокот на земјата, а домовите, автопатиштата и мостовите се под вода.
Тимови за вонредна состојба во Нов Јужен Велс со над 200 спасувачки операции успеале да евакуираат луѓе кои биле заглавени на покривите од куќите. Доброволци од Нов Зеланд им се приклучија на спасувачките тимови, а помош била побарана и од САД и Сингапур.
